Линкови за пристапност

Апсењата на Талебанци прекинале тајни преговори


Асошиетед прес цитира поранешен виш претставник на ОН дека имало „зголемен интензитет на контактите“, но дека процесот запрел по апсењата во Пакистан, како она на човекот број два во Талебан - Мула Абдул Гани Барадар во февруари.

Поранешниот претставник на ОН во Авганистан Каи Аиде го критикуваше Пакистан за апсењата на талебански водачи, велејќи дека тоа ги прекинало тајните разговори меѓу ОН и Талебан.

Медиуми наведуваат дека тој лично и преку писмени пораки комуницирал со виши припадници од пред околу една година. Асошиетед прес го цитира Аиде дека имало „зголемен интензитет на контактите“, но дека процесот запрел по апсењата во Пакистан, како она на човекот број два во Талебан - Мула Абдул Гани Барадар во февруари.

Ова е по првпат Аиде, кој порано месецов ја напушти функцијата, јавно да потврди дека бил во контакт со Талебан.

Пакистански владини претставници петокот реагираа дека апсењето на Барадар било дел од заедничката операција со САД и не е поврзано со разговорите за помирување.

XS
SM
MD
LG