Линкови за пристапност

САД ја поздравија средбата Тадиќ-Јосиповиќ


САД ја поздравија средбата Тадиќ-Јосиповиќ
САД ја поздравија средбата Тадиќ-Јосиповиќ

И Тадиќ, и Јосиповиќ во јули сопштија дека се подготвени да работат на решавање на сите отворени прашања поврзани со војната.

САД ја поздравија посетата на српскиот претседател Борис Тадиќ на Вуковар, каде се извини за масакрот во 1991-ва година.

Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули коментираше дека посетата и средбите меѓу Тадиќ и хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ се показател на континуираните напори меѓу двете земји за зајакнување на билатералните односи.

За време на посетата, Тадиќ имаше обраќање пред споменикот во околината на Вуковар подигнат во спомен на околу 200-те Хрвати кои пред 19 години беа масакрирани и фрлени во масовна гробница.

Претседателите Тадиќ и Јосиповиќ положија и венец за 19-те Срби убиени од Хрватите во село во близина на Вуковар.

Ова е прва посета на српски претседател на Вуковар по завршувањето на конфликтот во 1995-та година.

И Тадиќ, и Јосиповиќ во јули сопштија дека се подготвени да работат на решавање на сите отворени прашања поврзани со војната.

XS
SM
MD
LG