Линкови за пристапност

Власта во Сирија со тенкови против демонстрантите


Власта во Сирија со тенкови против демонстрантите
Власта во Сирија со тенкови против демонстрантите

САД го осудија насилството и ги повикаа своите граѓани и дел од дипломатите да ја напуштат земјата

Во сирискиот град Дера и денес се слушаа пукотници, втор ден откако трае армиската операција за задушување на продемократските протести. Нападот со тенкови и војници навидум не покажува знаци на запирање, и покрај бранот реакции во меѓународната заедница поради насилството врз демонстрантите.

Граѓаните на Дера наводно се толку исплашени што не се ни осмелуваат да изезат на улица. Организациите за човекови права јавуваат дека сириските сили ширум целата земја притвориле десетици лица.

Според сведоци и активисти за човекови права, понеделникот загинале најмалку 20 лица кога стотици сириски војници и тенкови влегле во градот.

Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг побара Сирија да запре со пресметката и кажа дека неговата земја работи со меѓународните партнери за да обезбеди сириските власти да ги почитуваат основните и универзални човекови права.

САД го осудија насилството против сириските граѓани. Стејт департментот издаде соопштение во кое ги советува американските граѓани и неесенцијалниот дипломатски персонал да ја напушти Сирија додека се` уште има патнички летови.

Преку 350 лица загинаа во пресметката на сириските власти со демонстрантите откако започнаа продемократските протести минатиот месец.

XS
SM
MD
LG