Линкови за пристапност

Американски профили: Сузан Сарандон


Американски профили: Сузан Сарандон
Американски профили: Сузан Сарандон

Сузан Сарандон не покажува знаци на замор и забавување, ниту како уметник ниту како активист.

Сузан Сарандон, пристигна на главната сцена уште пред да стане актерка. Поранешната Сузан Томалин студирала драма на Католичкиот Универзитет на Америка во Вашингтон на почеток на турбулентен период.

„Станав активна на крајот на 60-те и почетокот на 70-те, тогаш ја запревме војната, и имавме секс, дрога и рок-ен-рол. Но излеговме на улиците и донесовме промени“, вели Сарандон.

Таа е најстара од деветте деца кои живееле во среќно семејство во Едисон, Њу Џерси. Во 1975-та година Сарандон добила една од првите поголеми улоги – да глуми и пее како Џенет, добро девојче што паѓа под лошо влијание, во тв-шоу.

Во 1980-та беше номинирана за Оскар за улога во филмот Атлантик сити на Луис Мал. Токму тој период таа и се разведува од нејзиниот сопруг и средношколска љубов Крис Сарандон, но го задржала презимето.

Кон средината на 80-те години живеела во Рим каде се запознала со италијански режисер со кого има ќерка.

Сценариото за филмот Бил Дурам на режисерот е она што ја привлекло и натерало да се врати во САД и да се бори за улога во него. Напорите вродиле со плод и таа успева да ја добие улогата на наставничка по англиски и вљубеник во безболот. Во филмот секоја година таа избира играч од непопуларна лига, го заведува, го учи за поезија, за безбол и за животот воопшто.

Она што е уникатно за улогата на Сарандон во филмот е што таа е неконвенционална, судејќи по физичкиот изглед, за една холивудска секс-бомба, на пример. Сепак, нејзината самодоверба паѓала во очи.

Ова е забележано од холивудските режисери по што Сарандон високо котира на листата актерки. Но потоа таа сфаќа дека нејзината слава може да се употреби и во друга функција.

„Откако станав позната, имаше логика да одам да помогнам на места каде е потребно, како места со многубројни случаи на СИДА или трговија со луѓе, на пример“, вели Сарандон.

Сарандон е страсен поборник за човекови права, социјална правда и програми за ставање крај на сиромаштијата и гладта. Токму либералниот став и поборништвото за укинување на смртната казна се совпаднаа во улогата во филмот Мртов човек што оди, од 1995-та, кој и` донесе Оскар.

Неодамна, таа прифати нов предизвик од Асоцијацијата за храна и земјоделство при ОН. Назначена е за амбасадор на добра волја, да помогне во напорите да се прехранат една милијарда гладни во светот.

„Како мајка, не можам да замислам ништо повознемирувачко, деморализирачко, пофрустирачко од фактот да не можете да си го прехраните сопственото дете“, вели таа.

Сузан Сарандон не покажува знаци на замор и забавување, ниту како уметник ниту како активист. Ова најверојатно се должи на нејзината подготвеност да ужива во секое доба на својот живот. Таа е бунтовник во душата од времето на `60-те години, и секогаш во потрага по смислата на животот и постоењето.

XS
SM
MD
LG