Линкови за пристапност

Судија во Врховниот суд на САД најави пензионирање


Судија во Врховниот суд на САД најави пензионирање

Судијата Стивенс беше наклонет кон либералното крило во судот за повеќето од кривичните судски постапки, но и по прашања од висок профил.

Судијата во американскиот Врховен суд Џон Пол Стивенс вели дека ќе се пензионира од функцијата за време на мандатот на претседателот Барак Обама.

Стивенс, кој месецов полни 90 години, викендов изјави дека планира да замине во пензија, но не даде точен датум. Тој рече дека на претседателот и на Сенатот, кои мора да го потврдат назначувањето на негово заменик, им е потребно подолго време да најдат замена.

Пензионирањето на Стивенс на Обама ќе му даде втора шанса да назначи некого во Врховниот суд. Минатата година тоа беше Соња Сотомајор, првата жена од латиноамериканско потекло во оваа висока институција.

Судијата Стивенс беше наклонет кон либералното крило во судот за повеќето од кривичните судски постапки, но и по прашања од висок профил како како што се абортусот, граѓанските права и односите на релација црква-држава.

XS
SM
MD
LG