Линкови за пристапност

Пред Врховниот суд на САД – вакцините на дневен ред


Пред Врховниот суд на САД – вакцините на дневен ред
Пред Врховниот суд на САД – вакцините на дневен ред

Специјален американски суд е формиран во 1986 за компензација на оштетените со вакцината и се финансира од данокот за вакцината.

Aмериканскиот Врховен суд во вторник започнува расправа по барање на родители кои тврдат дека нивната ќерка се разболела од вакцина и ќе реши дали тие може да го судат производителот на лекот.

Судот ќе ги чуе аргументите во случајот за кој некои групи велат дека може да ги изложи производителите на лекови на лавина од судски постапки за контраиндикациите на вакцините.

Членови на семејството велат дека девојчето се разболело откако примило вакцина во раните 1990-ти години и дека оттогаш има здравствени проблеми. Тие го обвинуваат производителот на вакцината Wyeth, велејќи дека компанијата знаела за побезбедна форма на вакцина, но не ја ставила на располагање. Компанијата го негира тврдењето, но престанала да ја произведува вакцината во 1998.

Специјален американски суд е воспоставен во 1986 за компензација на оштетените со вакцината, и се финансира од данокот за лекот. Овој суд го одбил барањето на семејството, а федерален суд пресудил дека тие немаат право да ја тужат компанијата.

XS
SM
MD
LG