Линкови за пристапност

Американскиот Врховен суд го потврди уставното право за поседување оружје


Американскиот Врховен суд го потврди уставното право за поседување оружје
Американскиот Врховен суд го потврди уставното право за поседување оружје

Одлуката уследи од случајот против градот Чикаго во Илиноис и населбата Оук Парк, кои имаат закони со кои на речиси сите приватни лица им се забранува да поседуваат оружје.

Со пет гласови „за“ и четири „против“, американскиот Врховен суд пресуди дека уставното право за поседување на оружје се однесува за целата земја, како одговор на обидите за забрана за оружје во сојузната држава Илиноис.

Судијата Семјуел Алито го изнесе мислењето на судот во кое стои дека пресудата ја ограничува, но не ја елиминира можноста на сојузните држави да креираат решенија за социјалните проблеми што, како што кажа, „одговараат на локалните потреби и вредности“.

Одлуката на Врховниот суд уследи од случајот против градот Чикаго во Илиноис и населбата Оук Парк, кои имаат закони со кои на речиси сите приватни лица им се забранува да поседуваат оружје.

XS
SM
MD
LG