Линкови за пристапност

Самит САД – Западен Балкан во март 2011-та


Самит САД – Западен Балкан во март 2011-та
Самит САД – Западен Балкан во март 2011-та

Организатори на економскиот самит се сојузната државата Мериленд, американските организаци Балканска алијанса и Пристаништето Балтимор

Неделава во Анаполис, сојузната држава Мериленд, се одржа работен ручек како подготовка на првиот бизнис-самит САД – Западен Балкан, чија цел е соработката и помош за земјите од регионот за побрза интеграција во ЕУ. Самитот е планиран за 23-ти и 24-ти март наредната година во Балтимор, а на подготовката учествуваа претставници на 40 компании и организации, како и амбасадорите на земјите од Западниот Балкан.

Амбасадорот на Македонија во САД, Зоран Јолевски потенцираше дека во моментов се водат разговори со неколку американски компании од различни сектори кои ја посетиле Македонија.

„Економската соработка меѓу Република Македонија и САД заостанува зад политичките односи и токму затоа амбасадата вложува огромни напори за зголемување на трговската размена и привлекување на странски инвестиции“, изјави Јолевски за Гласот на Америка.

Тој очекува првата инвестиција од САД да се реализира наредната година.

Организатори на економскиот самит се сојузната државата Мериленд, американските организаци Балканска алијанса и Пристаништето Балтимор.

XS
SM
MD
LG