Линкови за пристапност

Спуштена завесата на Струшките вечери на поезијата


Спуштена завесата на Струшките вечери на поезијата
Спуштена завесата на Струшките вечери на поезијата

Се` излезе многу поубаво од она што очекувавме. Фестивалот годинава беше богат, раскошен, со многу поети од сите континенти“, изјави Данило Коцевски, член на управата на Фестивалот:

„Љубовта кон Македонија е вистинска и голема. Ти благодарам, златна Струга, ти благодарам, Црни Дриме, ти благодарам, ѕвезда Македонија“, порача на затворањето на 49-то издание на Струшките вечери на поезијата Бугаринот Љубомир Левчев, првиот меѓу поетите годинава, добитникот на наградата „Златен венец“.

“Ова е најголемата награда за која знам. Верувам дека вистински ја заслужив. Иако Македонија е мала држава, љубовта кон неа е стара и мошне голема“, рече Левчев.

Се` излезе многу поубаво од она што очекувавме. Фестивалот годинава беше богат, раскошен, со многу поети од сите континенти“, изјави Данило Коцевски, член на управата на Фестивалот:

Коцевски посебно ги истакна придружните манифестации. Вели, Струга покажала дека го обединува светот, уметниците и придонесува за зближување меѓу сите.

„Присуството на Прванов значи почит кон уметноста и поезијата. Сметам дека наградата и наредната година ќе дојде во вистински раце и ќе бидеме сведоци на уште едно поетско доживување“, рече Коцевски.

Поезијата синоќа ја славеа и политичарите. Доделувањето на наградата „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата заеднички го проследија македонскиот претседател Ѓорге Иванов и неговиот бугарски колега Георги Прванов.

XS
SM
MD
LG