Линкови за пристапност

Официјално почнува атлантската сезона на урагани


Националаната администрација за океански и атмосферски промени соопшти дека годинава ќе бидеме сведоци на 14 до 23 невремиња.

Овогодишната сезона на урагани на Атлантскиот Океан и официјално започна, а експертите предвидуваат „активна до екстремно активна сезона.“

Националаната администрација за океански и атмосферски промени соопшти дека годинава ќе бидеме сведоци на 14 до 23 невремиња. Метереолозите од администрацијата додаваат дека 8 до 14 од тие невремиња би можеле да прераснат во урагани со ветришта од најмалку 119 километри на час.

Сезоната на урагани почнува во време кога нафтата што излева од потонатата платформа во близина на Луизијана, продолжува да се шири низ Мексиканскиот Залив.

Експертите велат дека потенцијално невреме може да ги комплицираат напорите за справување со проблемот на излевање на нафтата, со што би се зголемила еколошката и економската штета.

XS
SM
MD
LG