Линкови за пристапност

Најмалку 96 лица загинаа во тропско невреме во Централна Америка


Надлежните власти соопштија дека само во Гватемала загинале преку 80 лица, вклучувајќи и четири деца.

Во поплавите и лизгање на земјиштето во првото тропско невреме од сезоната на урагани, загинаа најмалку 96 лица во Централна Америка.

Надлежните власти соопштија дека само во Гватемала загинале преку 80 лица, вклучувајќи и четири деца.

Смртни случаи од невремето Агата изминатиов викенд, имало и во Ел Салвадор и Хондурас, а го почувствувало и Мексико. Преку 74.000 лица во регионот биле присилени да ги напуштат своите домови.

Агата удри на копно во близина на границата меѓу Гватемала и Мексико во саботата, со ветришта од 75 километри на час.

Американскиот национален центар за урагани во Мајами соопшти дека невремето се движи на запад, кон Карипското Море. Во Гватемала, Ел Салвадор и Хондурас и натаму врнат поројни дождови.

XS
SM
MD
LG