Линкови за пристапност

Само во Америка: Стари згради исчезнуваат преку ноќ


Само во Америка: Стари згради исчезнуваат преку ноќ
Само во Америка: Стари згради исчезнуваат преку ноќ

Поголем дел од нив биле градени со скапи цигли уште од времето кога од богатата почва долж реката Мисисипи се произведувала најдобрата глина во земјата. За некои тоа е доволна причина овие тули да се ограбат.

Веројатно знаете за Дејвид Коперфилд и други илузионисти кои може да ве убедат дека цели згради исчезнуваат пред ваши очи.

Но тие се мали деца за некои луѓе во Сент Луис, Мисури, и други градови во САД, кои одат чекор понапред. Тие прават, буквално преку ноќ, да исчезнат цели делови на населби.

Ова се случува во најсиромашните, најизолираните делови на градот, каде се напуштени големи палати и комплекси на згради. Некогаш биле престижно место за живеење, но сега овие локации се мета на крадци кои од нив собираат се` и сешто, од сијалици до бакарни цевки и се` друго што не е заковано.

Јавно позната приказна за Сент Луис е дека најмалку 8.000 згради се испразнети на овој начин. Но она што не е толку познато и до некаде за изненадување е фактот што некои од тие соголени згради веќе не постојат.

Причината?

Поголем дел од нив биле градени со скапи цигли уште од времето кога од богатата почва долж реката Мисисипи се произведувала најдобрата глина во земјата. За некои тоа е доволна причина овие тули да се ограбат. Но стратегијата е – прво во нив се подметнува пожар преку ноќ, пожарната служба доаѓа и ги урива слабите ѕидови, по што – локацијата е чиста. Тоа што останува се обични, добри цигли што исчезнуваат од Сент Луис.

XS
SM
MD
LG