Линкови за пристапност

Стајнберг на турнеја по Кавказот и Балканот


Стајнберг на турнеја по Кавказот и Балканот
Стајнберг на турнеја по Кавказот и Балканот

Американскиот заменик-државен секретар ќе ги посети Ерменија, Грузија, Азербејџан, Албанија и Босна

Заменикот-државен секретар Џејмс Стајнберг ќе ги посети Ерменија, Грузија, Азербејџан, Албанија и Босна од 23-ти до 26-ти февруари. Стејт департментот најави дека Стајнберг, придружуван од помошник-секретарот Филип Гордон, со државниците на трите земји од Кавказот ќе разговара за билатерални прашања и регионалната безбедност. Стајнберг и Гордон ќе се сретнат и со претставници на граѓанското општество и медиумите во овие земји.

На Стајнберг во Албанија и Босна ќе му се приклучи заменик-помошникот државен секретар Том Кантримен. Според соопштението на Стејт департменот, тие во Албанија ќе ја подвлечат важноста од локалните избори за решавање на политичкиот ќорсокак, како и од зајакнувањето на улогата на главниот обвинител во истрагата на настаните од 21-ви јануари годинава.

Во Босна, Стајнберг и Кантримен на средбите со владини и политички лидери ќе побараат брзо формирање на влада што би издејствувала напредок во аспирациите за европска и евро-атланска интеграција на земјата.

XS
SM
MD
LG