Линкови за пристапност

Стајнберг лично ќе се увери до каде е Балканот на патот кон ЕУ


Стајнберг лично ќе се увери до каде е Балканот на патот кон ЕУ
Стајнберг лично ќе се увери до каде е Балканот на патот кон ЕУ

Американскиот дипломат најавува дека на претстојната турнеја наредната недела ќе пренесе порака до регионот дека САД и натаму будно ги следат реформите на секоја земја поединечно

Сегашната американска влада уште од почетокот на својот мандат продолжи со долгогодишната политика за изградба на стабилен и просперитетен Балкан, при тоа помагајќи им на сите земји во регионот да ги постигнат евроатланските аспирации, брифираше американскиот заменик-државен секретар Џејмс Стајнберг понеделникот во Националниот прес-клуб во Вашингтон.

Претстојната недела, заменикот-државен секретар Стајнберг ќе ги посети Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово со цел лично да се увери во напредокот на земјите од регионот на патот кон Европа.

„Ќе ги охрабриме во јакнењето на државните институции во борбата за искоренување на криминалот и корупцијата и во развојот на економски можности за сите луѓе во регионот“, рече Стајнберг.

На прес-конференцијата за странските дописници во Вашингтон, најголем дел од прашањата беа за односите меѓу Белград и Приштина во контекст на поголемата регионална безбедност.

Запрашан како САД може да помогнат во тој процес, Стајнберг подвлече дека САД имаат различен став со Србија околу прашањето за независноста на Косово, но истовремено потврди дека Белград прагматично гледа на решавањето на некои прашања од заеднички интерес.

„Ќе се обидам да разговарам со лидерите од двете страни на премостување на јазот меѓу двете заедници, но и меѓу Србите и Албанците во самото Косово“, рече Стајнберг.

И покрај разликите, Стајнберг смета дека САД имааат многу заеднички работи со Србија. Тој повтори дека Вашингтон и натаму гледа на независноста на Косово како на позитивен чекор кон стабилноста на регионот.

„Разбираме дека тоа е тешко прашање за Белград и Србија, но ќе продолжиме да соработуваме на начин на кој интерес ќе имаат и двете страни“ оцени американскиот заменик-државен секретар.

Тој го истакна укинувањето на визниот режим од ЕУ за Македонија, Србија и Црна Гора како позитивен чекор во охрабрувањето на трите земји да продолжат со спроведување на реформите, се` до целосно интегрирање во европското семејство.

XS
SM
MD
LG