Линкови за пристапност

Изјави на неделата


Изјави на неделата
Изјави на неделата

„Не би рекол дека САД треба да земат водечка улога во оваа фаза, туку силна дополнителна улога. Двете страни ги почитуваат САД - и Атина и Скопје. САД немаат влог во конфликтот, сакаат решение, сакаат што е можно побрзо да ја приближат Македонија до ЕУ и НАТО“.

Јануш Бугајски, директор на проектот Нови европски демократии при Центарот за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон, на прашање на Гласот на Америка дали САД треба да играат поактивна улога во спорот со името.

„ОН мора да останат централен медиум за процесот. На тоа се обврзаа двете страни, како и САД и ЕУ. Секако дека има многу дискусија надвор од процесот во рамки на ОН со цел да се помрднат работите, но никој нема поголемо влијание во процесот од грчката и македонската влада. Одговорноста за пронаоѓање решение лежи кај лидерите од двете земји“.

Стујарт Џонс, американски заменик-помошник државен секретар, на иста тема за време на трибина во Центарот за стратешки и меѓународни истражувања.

„САД секако можат да помогнат во процесот, ние бараме помош од нив - да помогнат со идеи, дискусии, да ја анализираат ситуацијата, но јас верувам дека би било лошо прашањето да се тргне од надлежност на ОН“.

Василис Каскарелис, амбасадор на Грција во Вашингтон

XS
SM
MD
LG