Американскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон од денес, па до 4-ти март ќе биде на турнеја по Бугарија, Грција и Словачка.
Според соопштението на Стејт департментот, Гордон најпрвин во Софија ќе разговара за билатерални прашања. На 2-ри март во Атина ќе се сретне со грчки владини лица и политички лидери, а наредниот ден во Братислава ќе одржи говор за односите меѓу САД и Централна Европа на годишната ГЛОБСЕК конференција за безбедност што ја организира словачката влада.
Гордон ќе се сретне и со виши словачки претставници, како и со претставници на други земји од регионот кои учествуваат на конференцијата.