Македонија денес свечено ги одбележа 110-те години од Илинденското востание и 69-те години од Првото заседание на АСНОМ.
На централниот настан во Крушево, на народниот собир на легендарниот Мечкин Камен, Таму, премиерот Никола Груевски одржа речиси едночасовен говор, во кој ги опфати сите актуелни политички теми во државата. Тој се заложи за нов формат на преговорите со Грција за спорот околу името, со вклучување на премиерите на Македонија и Грција, и потенцираше дека Македонија ќе биде исправена пред предизвици за вештачко раслојување на националното ткиво, како од странски, така и од домашни структури.
„Мора да се спомене дека разговорите со Грција се во ќорсокак, во кој единствена цел е купувањето време. Како да решиме спор ако не разговараме, ако постојано како одговор добиваме клише реакција, кога буквално никој, освен нас не е мотивиран да го реши. Ајде да седнеме и да разговараме! Премиерите да дојдат до за двете страни прифатливо решение, а крајниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум“, рече Груевски.
Премиерот се задржа и на актуелниот и контроверзен процес на лустрација и порача дека не смее да се дозволи „некои структури да ги спречат идните генерации да ја знаат вистината... Ние ќе ја довршиме лустрацијата“, рече Груевски. Тој беше дециден дека власта ќе одговори „на сите предизвици заедно со нашиот најголем сојузник – народот. Затоа е потребно збивање на редовите на сите нас, за да бидеме на линија на илинденска и АСНОМ-ска Македонија“.
Во обраќањето во Меморијалниот центар АСНОМ во кумановското село Пелинце, претседателот Ѓорге Иванов рече дека „слободата има свој корен, своја почва. Коренот на нашата слобода е тука, во Македонија!“
„Денес, на ден Илинден, кога ја славиме слободата и светлината, Сонцето и Илинден се македонскиот симбол на слободата. Сонцето што се вее на нашето знаме, што е втиснато на нашиот државен грб, што е опеано во нашата химна, тоа сонце е заветот на слободата. Завет на кој се потсетуваме на секој Илинден. Како што светлината најмногу ја ценат оние што поминале долго време во темнина, така и слободата најискрено ја сакаат оние што биле вековно поробени. По долгата македонска ноќ, што започна со крајот на Самоила, нас најпосле нe огреа сонцето на слободата“, рече Иванов.
По повод државниот празник, 2 Август, на прославата во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, беше и делегација предводена од лидерот на опозицијата Зоран Заев.
Во Скопје, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски положи цвеќе на споменикот на првиот претседател на Президиумот на Народна Република Македонија, Методија Андонов Ченто.
„Илинден е темелот на нашата државност и самобитност, Илинден е мотив за акција, Ченто не` потсетува дека основната наша водилка треба да е единството на сите граѓани кои Македонија ја нарекуваат свој дом... Сакаме да бидеме дел од Европската унија и НАТО и сите реформи и напори ги насочивме во тој правец. Но, и како народ знаеме уште нешто, а тоа е дека одиме натаму како што Илинден не` научи да одиме, а тоа е цврсто, гордо, чесно и одговорно. Без самопочитта вредноста на секое остварување е значително намалена. Ќе продолжиме во правецот кој сме го зацртале но, без при тоа да заборавиме дека Македонија е една и неделива. Ние не сме без идентитет, семе без корен, куќа без темел“, рече Вељаноски.