САД продолжуваат да ги поддржуваат тековните напори на ОН на чело со Метју Нимиц за решавање на прашањето во догледно време, како и активната ангажираност меѓу Атина и Скопје, изјави на заменик-помошникот државен секретар Томас Кантримен, на прашањето на Гласот на Америка за реакцијата на официјален Вашингтон на поставувањето на споменикот „Воин на коњ“ во Скопје.
„Кон решение не придонесуваат постапки и изјави од која и да е` страна што разгоруваат емоции. Во обете земји, ги поттикнуваме владите да покажат лидерство, а медиумите – воздржаност, додека Атина и Скопје се обидуваат да најдат разумен компромис, што е можно побргу“ рече Кантримен.
Стејт департментот смета дека тоа налага приватни дискусии, одмерени, директни и со почитување, а чија цел е решение што е од од корист на обата американски пријатела и што ќе овозможи влез на Македонија во евро-атлантските институции.