Линкови за пристапност

Животот после спортот


Животот после спортот
Животот после спортот

Многумина професионалните спортисти остануваат речиси без ништо неколку години по кариерата

Бизнисменката и професорка Морварид Тахерипур, го прави она што многумина сонуваат да го прават. Таа нуди обука за професионалните спортисти за начините како да го исполнат остатокот од животот по завршувањето на кариерата.

„Во просек, еден играч во американската професионална фудбалска лига, на пример, останува 3,5 години. Затоа се поставува прашањето што со остатокот од животот?“, вели Тахерипур.

Професионалната кариера во просек завршува после 33-та година. За спортови каде е потребен голем физички напор, како американскиот фудбал, оваа бројка е 28 години.

За многумина од нив е неверојатно тешко да одговорат на едноставно прашање – што следи потоа?

„Цел живот тие се фокусирале на тоа како да бидат најдобри во тоа што го прават, така што сега ние им помагаме да го одберат нов чекор“, вели Кенет Шропхаер, колега на Тахерипур од Школата за бизнис Вортон при Универзитетот Пенсилванија.

Тахерипур и Шропхаер почнале соработка со Националната фудбалска лига во 2005-та година и формирале, како што ја нарекуваат, Програма за бизнис менаџмент.

За Тахерипур која дошла во САД од Иран уште како дете, партнерството со Ен-Еф-Ел е сон што станал јаве.

„Применувам се` што сакам околу предавање на знаење, а истовремено можам да влијаам врз луѓе кои се докажани во кариерата, мотивирани, но и скромни“, вели Тахерипур.

Сепак, мотивирани, богати и млади, честопати може да биде лоша комбинација. Дури и со помош, да се одреди следниот чекор во животот, не е секогаш лесно.

Тони Стјуард се пензионирал од професионалниот фудбал пред неколку месеци, тој неодамна ја комплетираше програмата на двајцата експерти.

„Постојат статистички податоци според кои 78% од професионалните фудбалери банкротираат, се разведуваат, остануваат без работа и тоа само две години по завршување на кариерата. За мене тоа е неприфатливо. Кога ќе дојде времето, треба да имате план“, вели Стјуард.

Засега на програмата на партнерите Тахерипур и Шропхаер и` оди одлично. Тахерипур настапува со следново мото – „Ова е време да го изградите вашето наследство“, додавајќи, „без оглед колку долго ќе се занимавате со професионален спорт, вие сте многу повеќе од само спортист.

XS
SM
MD
LG