Линкови за пристапност

Топ-листа на нови животински и растителни видови


Топ-листа на нови животински и растителни видови
Топ-листа на нови животински и растителни видови

Необично друштво: тавтабита-скокач, пијавица со огромни заби, печурка што сјае

Меѓународниот институт за истражување на животински и растителни видови при Универзитетот на Атланта секоја година објавува топ-листа на 10 нови. Ентомологот Квентин Вилер, кој раководи со Инстиутот вели дека листата само потенцира колку малку знаеме за животот на Земјата!

На листата оваа година се микроба што се храни со железо-оксид од остатоците на Титаник, двометарски гуштер од Филипините што се храни со овошје, штурец кој опрашува ретка орхидеја во Маспаренскиот рхипелаг во Индискиот Океан, тавтабита-скокач од Јужна Африка. Нови членови на ова необично друштво се и две мошне ретки печурки.

„Едната е печурка од атлантските крајбрежни шуми во Бразил што биолуминисцентна 24 часа на ден. Другата, печурка што расте под вода“, раскажува Вилер.

На листата се и пајак од Мадагаскар чија мрежа може да премости река, пијавица од Перу со огромни заби, како и сплескана риба што живее на дното во водите на Мексиканскиот Залив, а наликува на лилјак.

Вилер смета дека, сепак, најважна на листата е антилопа која за првпат била откриена – како се продава како месо на пазар во Западна Африка!

„Жално, бидејќи според сите показатели, ова е ретко животно. Алармантно е што е доведено на раб на истребување“, вели ентомологот од Атланта.

XS
SM
MD
LG