Линкови за пристапност

Шаховски меч Земја - Вселена


Шаховски меч Земја - Вселена
Шаховски меч Земја - Вселена

Животот на Меѓународната вселенска станица бара концентрација, критичко размислување и стратегија – како во шахот

Хал Богнер живее во Калифорнија и е шампион во шах. Минатата недела кусо време откако американскиот астронаут Грег Чамитоф ја комплетираше 7-часовната вселенска прошетка, Богнер изјави дека го замислил астронаутот како се соочува со шаховска табла.

„Не знам дали имал момент да размисли за тоа, но се работи за првот човек во вселената да претставува закана, со еден чекор, да и` објави шах-мат позиција на планетата Земја“, вели Богнер.

Тој всушност предводи со мечот во шах на Земјата против Вселената што се води меѓу американските астронаути Грег Чамитов и Грегори Џонсон и планетата Земја. Секој на Земјата доколку сака, може преку Интернет да се приклучи на играта.

Астронаутите Чамитоф и Џонсон се воедно дел од екипажот на спејс-шатлот Ендевор и ја играле партијата шах со Земјата се` додека леталото не се одвои од Меѓународната вселенска станица во неделата.

Богнер подвлекува дека обете страни и Земјата и Вселената, пропуштиле по неколку шанси за агресивни потези и по повеќе од две недели, ниту една од страните не победила.

Како директор на мечот, Богнер води евиденција на потезите што астронаутите ги објавуваат на Твитер, како и на потезите за кои сите заитересирани гласаат на веб-страницата на Американската шаховска федерација.

Иако домаќин на мечот е американска организација, Богнер вели дека мечот Земја – Вселена го привлекла вниманието на луѓе ширум целиот свет.

„Една од убавите работи во шахот е што ги обединува луѓето од сите сегменти во животот, луѓе од различни култури, различни јазици, различни земји“, вели Џонсон.

Лебдејќи во микрогравитација позирајќи со магнетска шаховска табла пред нив, астронаутите рекоа дека мечот е забавен и воедно претставува предизвик.

Со оглед на тоа што никој не победил, Богнер додава дека на потег е сега јавноста со шанса да гласа за тимот што играл подобро.

Тешко е да се поверува, но ова не е првиот меч од овој вид. Чамитоф ја претставувал Вселената на сличен меч во 2008-та година во кој победник била Земјата.

XS
SM
MD
LG