Астронаутите од спејс-шатлот Атлантис ќе инсталираат нов модул од руско производство на Меѓународната вселенска станица. Кен Хем и Тони Антонели со помош на роботската рака на шатлот го префрлија шестметарскиот оддел од Атлантис на роботската рака на станицата. Новиот модул ќе биде инсталиран на рускиот дел од Меѓународната вселенска станица.
Ова е последна мисија на Атлантис пред пензионирањето на целата флота спејс-шатл летала. Шестчлениот екипаж ќе мине една недела на станицата, при што на трипати ќе излезе во вселената.