Линкови за пристапност

Во недела заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја


Деталите на вежбата ќе се најдат на маса на средбата на американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс и државната секретарка Хилари Клинтон со јужнокорејките колеги во среда во Сеул.

Долгоочекуваната воена вежба меѓу САД и Јужна Кореја ќе започне во недела во Јапонското Море.

Според Командата на ОН, четиридневната вежба наречена „Непобедлив дух“, ќе ја нагласи сојузничката решеност да се соочи и да одврати секаква закана од Северна Кореја.

Во вежбата ќе биде вклучен американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“, како и воениот авион Ф-22 раптор. Деталите на вежбата ќе се најдат на маса на средбата на американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс и државната секретарка Хилари Клинтон со јужнокорејките колеги во среда во Сеул.

XS
SM
MD
LG