Линкови за пристапност

Радијацијата во Јапонија поттикна панично купување сол во Јужна Кореја


Радијацијата во Јапонија поттикна панично купување сол во Јужна Кореја
Радијацијата во Јапонија поттикна панично купување сол во Јужна Кореја

Во Јужна Кореја е раширено верување дека солта може да заштити од контаминација со радиоактивен јод

Јужнокорејците купуваат сол на големо, а трендот резултираше во речиси двојно поскапување на цената на солта споредено со минатата година.

Некои ја нарекуваат ирационална реакција по инцидентот во нуклеарната централа во Јапонија.

Ли-Јонг-ва е домаќинка од Сеул. Таа вели дека чула оти морската вода можно е да биде зафатена од радијацијата од Јапонија до среда, ако не и порано. Ли додава дека планира да забремени и секако дека не сака да јаде контаминирана сол.

Канг Дае-хе е менаџер на локална продавница во Сеул. Тој вели дека наместо едно до две пакетчиња сол дневно, сега продава седум, осум, а понекогаш и десет пакувања.

Ваквиот вид на паника за сол беше актуелна и минатиот месец во Кина.

Научниците и властите се скептични за ваквата реакција на потрошувачите. Тие подвлекуваат дека радијацијата, освен за областите во непосредна близина на Фукушима, не се очекува да предизвика проблеми по човековото здравје. Тие исто така велат дека конзумирањето на сол нема да ги заштити од евентуална изложеност на радијација.

Јужнокорејскиот институт за нуклеарна безбедност соопшти дека во земјата е регистрирана мошне мала количина на радиоактивен јод и цезиум. Според анализата од примероци од воздухот земени на 12 локации ширум Јужна Кореја во неделата и понеделникот, регистрирани се траги од радиоактивен јод во сите области.

XS
SM
MD
LG