Линкови за пристапност

Регионот е подготвен за во НАТО


Регионот е подготвен за во НАТО
Регионот е подготвен за во НАТО

„САД како покровител на Јадранската група и натаму остануваат силен поддржувач на регионот за влез во НАТО“, вели амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер.

НАТО се надева во скоро време да ја види Македонија во своите редови како полноправен член. Македонското учество во голем број мисии во светот и демонстрацијата на способноста во воените меѓународни и регионални вежби, е доказ дека земјата е подговена да стане дел од Алијансата. Оваа оценка на состанокот на началниците на генералштабовите на земјите од Јадранската група во Скопје ја донесе адмирал Семјуел Локлир, прв човек на Здружената команда на НАТО во Неапол.

„Сите треба да бидете горди на нивните постигнувања. Тоа беше комплицирана потврда и му ја покажа на остатокот од светот способноста на армијата на оваа голема нација. Мошне убеден сум дека оваа земја наскоро ќе стане полноправен член на НАТО“, вели Локлир.

Македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски смета дека Макеоднија е подготвена да го прифати предизвикот за целосно приклучување кон Алијансата. Тешки и мачни реформи, периоди на прилагодување, сето тоа е веќе зад нас и како држава и како регион, вели Коњановски.

„Каде беше нашиот регион 2001/2002 година, каде е денес. Многу блиску до целосна интеграција во ЕУ и НАТО. Регионот е на едно место и тој денес го дава можеби најзначајниот здив кон евроатланстка интеграција“, смета Коњановски.

Една од позначајните иницијатви која произлезе од конференцијата е онаа за заедничка противвоздушна одбрана на Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина со што би се намалиле економските трошоци и удвојувањето на силите и опремата.

САД како покровител на Јадранската група и натаму остануваат силен поддржувач на регионот за влез во НАТО, вели амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер.

„Имаме добра соработка и на теренот, односно во Авганистан, Ирак и ваквите состаноци како и нашите соработки на терен ја потврдуваат нашата успешна соработка и партнерството кое што постои помеѓу САД и Македонија“, изјави Рикер.

Армиските челници одлучија на овој состанок политиката да остане во позадина. По многу години, за првпат на ваква регионална конференција учествуваше и еден претставник на грчката армија.

XS
SM
MD
LG