Линкови за пристапност

УЕФА: За насилството во Белград нема оправдување


Остра реакција на европската фудбалска федерација која најави казни за двете репрезентации

Шефот на европската фудбалска федерација (УЕФА) остро ја осуди ерупцијата на насилство за време на мечот меѓу репрезентациите на Србија и Албанија во Белград, во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2016-та.

Претседателот на УЕФА Мишел Платини рече: „Фудбалот треба да ги зближи луѓето и играта на теренот не треба да се меша со политика од било кој вид. Во соопштение во неделата, се додава дека „синоќешните сцени од Белград се неприфатливи“.

Платини потврди дека и Србија и Албанија ќе бидат казнети за срамните сцени по хаосот кој уследи на теренот и прекинот на мечот во 41-вата минута од првото полувреме.

Претседателот на ФИФА Сеп Блатер преку Твитер додаде дека „фудбалот никогаш не треба да искористен за испраќање политички пораки. Силно го осудувам тоа што се случи во Белград“, изјави тој.

Тепачката се смета за голем политички и меѓународен скандал, кој што започна откако приватно беспилотно летало прелета преку стадионот на фудбалскиот клуб Партизан со географска карта на Голема Албанија со текст „Автохтони“ и слики на двајца значајни локални албански личности.

Знамето беше симнато од српскиот фудбалер Стефан Митровиќ, што ја интензивира затегнататата атмосфера по што српски навивачи упаднаа на теренот и се обидоа да се пресметаат со албанските фудбалери.

Англискиот судија Мајкл Аткинсон им наложи на фудбалерите до двете репрезентации да се упатат во соблекувалните додека српските навивачи фрлааа димни бомби и други предмети од трибините. Албанските навивачи добија предупредување да не присуствуваат на мечот.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека инцидентот со приватното беспилотно летало бил претходно испланирана политичка провокација. Дачиќ го обвини братот на албанскиот премиер Еди Рама, Осли Рама дека стои зад организирањето на инцидентот. Олси Рама ги отфрли обвинувањата.

Инцидентот се закани дека ќе ја засени посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Белград следната среда, што е прва од ваков вид во последните 68 години. Посетата беше договорена откако двете држави ги нормализираа односите според потпишаниот договор постигнат со посредство на ЕУ во април 2013-та.

Безбедносните мерки беа кренати на повисоко ниво поради напнатоста поради Косово, покраина која прогласи независност во 2008-ма.

Независноста на Косово ја признаа 110 држави, вклучувајќи ги САД, Британија, Германија и Франција, но не и Србија.

XS
SM
MD
LG