Линкови за пристапност

Наводниот креатор на комјутерскиот вирус Марипоса уапсен во Словенија


Наводниот креатор на комјутерскиот вирус Марипоса уапсен во Словенија
Наводниот креатор на комјутерскиот вирус Марипоса уапсен во Словенија

Портпаролот на словенечката полиција соопшти дека 23-годинишниот осомничен познат како Исердо бил приведен кон крајот на минатата недела како дел од американско-словенечката истрага.

Комјутерски хакер е уапсен во Словенија под сомневање дека е креатор на познатиот вирус Марипоса што зафати речиси 13 милиони комјутери во светот, пред минатата година да биде уништен.

Портпаролот на словенечката полиција соопшти дека 23-годинишниот осомничен познат како Исердо бил приведен кон крајот на минатата недела како дел од американско-словенечката истрага. Апсењето го потврди и Еф-Би-Ај.

Вирусот на хакерите им овозможи да крадат витални информации од комјутерите инфицирани со него, вклучувајќи податоци за кредитни картички и други банкарски информации на Интернет. Директорот на Федралното истражно биро Роберт Мулер порано годинава изјави дека Марипоса ги зафатил комјутерите на 1.000 најдобри компании според списанието „Форчн“ и поголеми банки.

Најновото апсење се случува пет месеци откако шпанската полиција уапси три лица исто така наводно поврзани со ширење на вирусот.

XS
SM
MD
LG