Линкови за пристапност

Шестмина загинати во вооружен инцидент во Братислава

Началникот на полицијата Јарослав Списиак изјави дека напаѓачот на возраст од околу 50 години влегол во домот вооружен со пушка и два пиштола.

Словачките власти соопштија дека тешко вооружен напаѓач усмртил шест, а повредил девет лица во Братислава, пред да се самоубие.

Началникот на полицијата Јарослав Списиак изјави дека напаѓачот на возраст од околу 50 години влегол во домот вооружен со пушка и два пиштола, убивајќи пет лица, четири жени и еден маж, а шестата жртва ја усмртил надвор од куќата.

Откако полицијата ја опколила куќата, напаѓачот се обидел да избега, но подоцна си одзел животот.

This item is part of
XS
SM
MD
LG