Линкови за пристапност

Експлозија ги вознемири скопјани


Експлозија ги вознемири скопјани
Експлозија ги вознемири скопјани

Од Макстил ја потврдуваат несреќата велат допрва ќе се истражува

Дали и што леташе утрово над Скопје? Граѓаните и полицијата со различни верзии. Вознемирени жители ги преплавија со повици редакциите на сите медиуми со бомбастични тврдења дека се урнал авион, или во најмала рака, беспилотно летало. Сите чуле и виделе исто- експлозија и чад.

„Имаше чад и одеднаш виолетово светло, експлодираше во воздух и падна на земја. Знам што е авион, тоа не беше авион, најверојатно ракета беше“, раскажува очевидец.

„Експлозија во воздух имаше, после доле имаше друга експлозија, поголема беше оваа овде. Кога експлодираше тука, имаше и чад“, раскажува друг очевидец.

Полицијата, пак, тврди - не се работи за авион, ниту за друг вид летало, туку се случила експлозија во некогашна Железара, денешен Макстил. Тешко е повреден 35- годишниот работник Димо Пигуловиќ кој се наоѓа во критична состојба. Сечел железо и наишол на предмет кој имал експлозивно полнење. Наводно, тој предмет летнал во воздухот. Парчиња метал завршиле во пошироката околина на фабриката.

Од Макстил ја потврдуваат несреќата, велат допрва ќе се истражува како никој не забележал дека парчето железо не смеело да биде дел од овој процес, за кој наводно постои строга процедура и контрола.

Од Штабот на НАТО велат дека во времето на експлозијата нивно летало за набљудување било во тој реон, но пилотот не забележал ништо, по што леталото безбедно се вратило во базата. Бидејќи леталото летало ниско, тие веднаш побарале информација од МВР и од Министерството за одбрана, по што им било соопштено дека по направениот увид на лице место, констатирано е дека се случила експлозија во Макстил.

XS
SM
MD
LG