Линкови за пристапност

Хелсиншки комитет: хомофобијата е државна политика на Република Македонија


Хелсиншки комитет: хомофобијата е државна политика на Република Македонија
Хелсиншки комитет: хомофобијата е државна политика на Република Македонија

Владата досега не излезе со официјален коментар на извештајот на Комитетот

Еднаквоста е единствениот пат кон целта – праведно општество кое ги вклучува сите свои граѓани, потенцира Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија (ХКМ) по повод Меѓународниот ден за борба против хомофобијата и трансфобијата - 17 Мај.

Комитетот во соопштението до медиумите изразува протест поради непочитувањето на човековите права и необезбедувањето на целосна правна еднаквост за лезбијките, геј мажите, бисексуалците и трансродните личности - ЛГБТ од страна на македонските власти. Изразувајќи загриженост за актуелната ситуација и нееднаквоста на ЛГБТ популацијата, ХКМ тврди дека се неспоиви стремежите на Република Македонија за полноправно членство во Европската унија со регресот на односот на државата кон ЛГБТ луѓето и постигнувањето на еднаквост за сите, вклучувајќи ги и нив, забележан во последните извештаи на Интернационалната организација за лезбијките, геј мажите, бисексуалците и трансродните личности за Европскиот регион - ИЛГА Европа: Мапата и Индексот Rainbow Europe. Според нив, Македонија се наоѓа меѓу 14-те држави од „црвената зона“ во кои е на дело речиси целосно прекршување на човековите права и дискриминација на граѓаните од ЛГБТ популацијата.

Rainbow Europe Мапата на ИЛГА Европа ги вреднува законите и административните практики на секоја европска држава во 24 категории и ги рангира на скала од 17 (највисок коефициент: почитување на човековите права и целосна правна еднаквост за ЛГБТ луѓето) и -7 (најнизок коефициент: целосно прекршување на човековите права и дискриминација на ЛГБТ луѓето). Република Македонија е со коефициент 2.

Според ХКМ, со доделениот низок коефициент -2 во Индексот и Мапата на ИЛГА Европа, Македонија е единственa меѓу државите членки и аспирантки за членство во ЕУ, и е поместена во иста категорија со одделни држави од Блискиот и Далечниот Исток. Сите соседни држави како Албанија, Србија, Грција, Бугарија, Црна Гора имаат индекс 2, а некогашните делови на СФР Југославија, Хрватска и Словенија имаат индекси 5, односно 6. Индекс -2 како Македонија имаат Турција, Азарбејџан, Ватикан и Ерменија, а во Европа најтешка е ситуацијата за ЛГБТ популацијата во Украина која е оценета со индекс – 4.

ХКМ ги повикува сите политички субјекти да се активираат - човековите права да станат дел од системот на државата, како натпартиска вредност за која не може да се има различен пристап.

Владата на Република Македонија досега не излезе со официјален коментар на извештајот на Хелсиншкиот комитет.

XS
SM
MD
LG