Линкови за пристапност

Инцидентот во Аризона поттикна дебата за тонот во американската политика


Инцидентот во Аризона поттикна дебата за тонот во американската политика
Инцидентот во Аризона поттикна дебата за тонот во американската политика

Се очекува дополнителна политичка дебата по трагедијата во Аризона, особено по прашањата како контрола на оружјето и за тоа дали е потребно засилување на обезбедувањето за членовите на Конгресот

Претседателот Барак Обама и првата дама Мишел Обама во Белата куќа со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во оружениот инцидент во Аризона во саботата во кој тешко е ранета конгресменката Габриел Гифордс.

Во меѓувреме, близу до зградата на Конгресот, демократскиот конгресмен Емануаел Клевер од Мисури, кој воедно е и методистички свештеник, понуди молитва во името на законодавците и персоналот.

Претседателот Обама изрази надеж дека Американците ќе се обединат по оваа трагедија.

„Во деновите што следат ќе имаме многу време да се навратиме на случувањата, но засега можеме да ги понудиме нашите мисли и молитви на засегнатите од случувањата, обезбедувајќи дека сме обединети во процесот и како држава воопшто“, истакна Обама.

Овој вооружен напад во кој загинаа шест лица, а повредени се 14, вклучувајќи ја и конгресменката Гифордс, поттикна национална дебата за тоа дали острата политичка реторика, што стана честа појава во САД, само ја загрева атмосферата за насилство.

Џорџ Милер е поранешен градоначалник на Тусон, Аризона каде се случи пукањето. Тој верува дека често заострената национална политичка атмосфера многу веројатно влијаела на младиот Џаред Лафнер, осомничен за делото.

„Умот на овој млад човек, кој очигледно има здравствени проблеми, е потхрануван со оваа омраза, од говорот на омраза што го слушаме за време на кампањите. Стравувам за иднината на нашата земја“, вели Милер.

Сепак нема доказ дека наводниот напаѓач дејствувал од каква и да е политичка платформа.

Спикерот на Претставничкиот дом, Џон Бејнер и многу други политичари од обете партии му се придружија на претседателот во повикот на Американците на обединетост во вакви услови.

Се очекува дополнителна политичка дебата по трагедијата во Аризона, особено по прашањата како контрола на оружјето и за тоа дали е потребно засилување на обезбедувањето за членовите на Конгресот.

XS
SM
MD
LG