Линкови за пристапност

Сенатот го расчистува патот за финансиска реформа во САД


Демократите и републиканците гласаа за отстранување на процедуралните пречки за легислативата.

Американскиот Сенат гласаше против разединување на шесте најголеми банки во земјата, во едно од неколкуте гласања во четвртокот, што помогна да се расчисти патот за усвојување на големата легислатива за финансиска реформа.

Демократите и републиканците ги здружија силите и со 61 глас „за“ и 33 „против“, го отфрлија амандманост со кој би се ограничил обемот на капитал и депозити како процент на американскиот бруто домашнен производ.

Сенатот гласаше и за клучниот елемент на легислативата - мерката да се формира нова агенција за заштита на конзументите.

Со 61 глас „за“ и 38 „против“, беше отфрлен амандманот на републиканците за намалување на нивото на независност на потенцијалната агенција. Со амандманот, на Федералната корпорација за осигурување на депозитите би и` се дала контрола врз агенцијата која има за цел да ги регулира кредитите за недвижнини, кредитните картички и други производи.

XS
SM
MD
LG