Линкови за пристапност

Сенатори: се` уште нема договор за финансиската регулатива


Сенатори: се` уште нема договор за финансиската регулатива
Сенатори: се` уште нема договор за финансиската регулатива

Влијателни републикански сенатори се закануваат дека ќе ја блокираат расправата доколку не биде постигнат договор со демократите за одредени прашања.

Американскиот Сенат доцна денеска треба да гласа дали да започне распарава за предлог-законот на претседателот Барак Обама за реформи во финансискиот систем.

Влијателни републикански сенатори се закануваат дека ќе ја блокираат расправата доколку не биде постигнат договор со демократите за одредени прашања по овој, како што го нарекуваат републиканците, „партиски закон“.

Сенаторот Ричард Шелби од сојузната држава Алабама во неделата изјави дека обете страни се поблиску до договорот од кога и да е порано, но оти треба да се решат уште две или три отворени прашања. Шелби е влијателен републиканец во Сенатската комисија за банкарство, домување и урбани прашања. Комисијата ја усвои мерката „Акт за обнова на американската финансиска стабилност за 2010“ во средата, чија цел е да ја прекине владината поддршка за излез од кризата и да пружи заштита на потрошувачите од неправилните финансиски активности.

Сенаторот Крис Дод од Конектикат изрази надеж дека неговите колеги од Демократската партија ќе успеат да ги добијат потребните гласови за изласување на мерката.

XS
SM
MD
LG