Линкови за пристапност

Републиканците освоија шест места во Сенатот


Републиканците освоија шест места во Сенатот
Републиканците освоија шест места во Сенатот

Новите републикански сенатски места се од сојузните држави Пенсилванија, Илиноис, Индијана, Арканзас, Северна Дакота и Висконсин.

Републиканците освоија шест места во Сенатот на конресните избори во САД, но тоа не беше доволно за мнозинство во ова тело.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, демократот Хари Рид го задржа своето место во тесна трка со републиканката Шерон Енгл, поддржана од движењето „Ти парти“. Рид за телевизијата Си-Ен-Ен изјави дека е отворен за компромис со републиканците кои сакаат да извршат промени во законот за реформи во здравството усвоен во Конгресот кога демократите беа мнозинство во обата дома. За Рид, приоритет број еден, како високо рангиран американски сенатор, ќе му биде креирање на работни места.

Шесте нови сенатски места што ги освоија републиканските кандидати се од сојузните држави Пенсилванија, Илиноис, Индијана, Арканзас, Северна Дакота и Висконсин.

XS
SM
MD
LG