Линкови за пристапност

Се` повеќе Американци отвораат сопствени бизниси


Economy Self-Employment
Economy Self-Employment

Според годишниот индекс за претприемништво на Фондацијата Кауфман, 2009-тата бројот на новоотворени бизниси бил највисок изминативе 14 години.

Глобалната економска криза резултираше во поголема невработеност во САД, но според ново истражување, меѓу 2007-ма и 2009-та година забележан е пораст на бројот на лица кои отвораат сопствени бизниси. Некои економисти велат дека токму рецесијата е причина за овој тренд.

Работниот ден на Џеси Рауч секако е невообичаен. Наместо во канцеларија, работната маса најчесто е во локалното кафуле. Пред четири месеци започнал свој бизнис и веќе ги чувствува бенефициите.

„Имам слобода, избор на што ќе работам, можноста да поспијам наутро“, вели тој.

Но, сопствениот бизнис носи и ризик.

„За да живеам, ја користам заштедата. Помислата на тоа застрашува“, изјави Рауч.

Рауч одлучил да започне свој бизнис откако му завршил договорот со непрофитната организација во која работел.

Памела Стро се решила на истото поради проблемите барајќи работа.

„Беше фрустрирачки. Минав 10 месеци барајќи работа и за тоа време се пријавив за над 250 места“, изјави Стро.

Според годишниот индекс за претприемништво на Фондацијата Кауфман, 2009-тата бројот на новоотворени бизниси бил највисок изминативе 14 години.

Па сепак, Бирото за трудова статистика наведува дека нема голема промена во бројот на самовработени лица, бидејќи за секој отворен сопствен бизнис, може да има и по еден згаснат.

Пени Пикет од Администрацијата за мали бизниси ги охрабрува самовработените да не се откажуваат:

„Дури и кога беше најлошо, беа основани некои од најдобрите американски компании. Мајкрософт беше формиран во 1980-те, во мошне неповолна економска криза“, изјави Пикет.

Џеси Рауч на новиот професионален живот гледа како на авантура. Вели, отсекогаш сакал да започне свој бизнис со надеж дека ризикот на крај - ќе се претвори во успех.

XS
SM
MD
LG