Линкови за пристапност

Прво место за Велјан Митровски на Саемот за наука во Вашингтон


Прво место за Велјан Митровски на Саемот за наука во Вашингтон
Прво место за Велјан Митровски на Саемот за наука во Вашингтон

Младиот Македонец две години по ред освојува награда на училишниот натпревар на ниво на Вашингтон – овојпат за проект што истовремено нуди и поголемо производство, и заштеда на електрична енергија

Помина една година откако Велјан Митровски освои прва награда за изумот за заштеда на електрична енергија во системот за регулирање на сообраќајот. На победничкиот пиедестал на натпреварувањето на ниво на основни училишта во главниот град Вашингтон повторно се искачи годинава. Сега направил споредба меѓу соларна плоча и ветерна турбина – чиј генератор произведува повеќе електрична енергија?

„Во овој проект споредував два генератори – соларен панел и ветерна турбина. Соларниот акомулира енергија од сонцето, сијалици или други ресурси. Кај ветерната турбина тоа е поинаку. Ветрот им помага на турбините да се вртат. Акумулира енергија и ги осветлува сијаличките“ вели младиот Македонец.

Велјан, кој во САД живее само неколку години, работел три месеци на анализата. Доколку сакате да инсталирате соларни плочи или ветерна турбина за електрична енергија, Велјан ја препорачува втората варијанта, затоа што акумулира енергија и навечер. Со ентузијазам на млад истражувач наведува дека неговиот проект би можел да се спроведе во Македонија, но би чинело многу пари - пресметува 60.000 долари за снабдување на една куќа со ветерна турбина.

Му било чест што го претставувал училиштето, а соучениците се горди што ја освоил наградата. Ова момче по се` другото личи на врсниците: навива за спортски клубови од Вашингтон, сака видео-игри, а за симпатии, нормално, не коментира. Минатата година, за освоената награда, од татко му доби подарок - лап-топ. Не го крие задоволството дека годинава ќе добие нов Ај-под-тач.

XS
SM
MD
LG