Линкови за пристапност

Научници открија друг можен предок на човекот


Научници открија друг можен предок на човекот

Група европски истражувачи декодирале генетски материјал од досега непознат вид предок на човекот кој живеел во Сибир пред околу 40.000 години.

Научниците сметаат дека откриле нов човеков предок кој ја напуштил Африка пред милиони години и стигнал дури до Сибир, по што исчезнал.

Група европски истражувачи декодирале генетски материјал од досега непознат вид предок на човекот кој живеел во Сибир пред околу 40.000 години. Тие претпоставуваат дека се работи за нов огранок во развојното стебло на човекот. Научниците успеале да извадат ДНК од еден единствен фрагмент на коска најдена во пештера во планинскиот систем Алтај во Сибир. Таа ДНК не е иста ниту со онаа на современиот човек, ниту со онаа на неандерталецот, кој живеел во таа област во истото време. Оттаму, научниците веруваат дека овој вид е поинаков и најавуваат нови тестови за потврда на теоријата.

XS
SM
MD
LG