Линкови за пристапност

Со кајак околу езерото за зближување на народите


Со кајак околу езерото за зближување на народите
Со кајак околу езерото за зближување на народите

Чуркоски: На 8-ми септември имаме уште еден празник, тоа е празник на спортот.

За прв пат во историјата на Република Македонија, Охридското Езеро средата беше обиколено со кајак. Струшкиот кајакар-ветеран Ристо Чуркоски, на Денот на независноста со весло ја мина патеката долга 90 километри, од Струга, преку Охрид и Свети Наум до Поградец и Лин во Албанија.

48-годишниот кајакар вели за ваквиот подвиг му биле потребни неколку месечни подготовки. Тргна од пред хотелот „Дрим“ во Струга, а на целта, повторно во Струга пристигна час и половина пред планираното време.

Стружани, горди на сограѓанинот, го пречекаа со аплауз.

„Малку сум возбуден, нормално. За секој спортист ова би бил животен потег. На 8-ми септември имаме уште еден празник, тоа е празник на спортот. Направивме уште еден ден на спортот, на кајакот“, коментираше по пристигнувањето Чуркоски.

Овој стружанец се надева дека неговиот пример ќе започне традиција на пловење со кајак по езерските води и ќе ги зближи младите од двете земји.

„Желба ми е да ја промовирам идејата за добрососедство, поголема соработка меѓу трите крајезерски града Струга, Охрид и Поградец“, вели Чурковски.

XS
SM
MD
LG