Линкови за пристапност

Сара Пејлин – претседателски кандидат во 2012-та?


Сара Пејлин – претседателски кандидат во 2012-та?
Сара Пејлин – претседателски кандидат во 2012-та?

До следните претседателски избори се чини дека има уште многу време, но за оние кои планираат да учествуваат во нив, тие се мошне близу.

Во книгата со наслов America by Heart: Reflections on Family, Faith and Flag, поранешната гувернерка од Аљаска и кандидат за потпретседател на изборите во 2008-та Сара Пејлин, го критикува претседателот Барак Обама за, како што вели, немањето верба во американскиот народ. Во книгата таа зборува и за државната секретарка. Вели, Хилари Клинтон е замрзната во, „однесување од ерата на `60-те години кога се гореа градници“.

За време на неколку тв-интервјуа, Пејлин изјави дека ја разгледува опцијата да се кандидара за претседател на изборите во 2012 година. Воочи неодамнешните конгресни избори, таа беше една од најпопуларните учесници во кампањите на републиканските кандидати ширум САД.

„Секако дека не можеме да чекаме до 2012 година за да ја вратиме нашата земја во вистинската насока. Треба да почнеме сега, преку избирање на силни лидери кои не се плашат да ја протресат, зауздат федералната влада“, вели Пејлин.

Според анкета на Универзитет Квинипак од Конетикат, Пејлин е на врвот на листата можни кандидати за претседателската функција од редовите на Републиканската партија. Веднаш по неа истражувањето го става поранешниот гувернер од Масачусетс и претседателски кандидат Мит Ромни, а дури потоа поранешниот гувернер на Арканзас Мајк Ромни и поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич.

Питер Браун, одговорен за неодамнешната анкета, вели дека Сара Пејлин можно е да ја добие номинацијата на партијата, но општите избори нема да одат лесно.

„Постои голем број на луѓе кои и` нудат силна поддршка, но таа не стои најдобро кај генералниот електорат. Педесет и четири проценти од гласачите немаат многу високо мислење за неа, а само 36 проценти ги одобруваат нејзините политички гледишта“, изјави Браун.

Самиот факт што Сара Пејлин ја разгледува опцијата за претседателска кандидатура, предизвика жестока дебата меѓу политичките експерти и новинари. Еден од нив е Мортон Кондрак, извршен уредник во весникот „Рол кол“.

„Мислам дека таа е феномен. Од типот на рок ѕвезда. Привлекува камери каде и да оди. Сепак, таа е шега. Дури и во редовите на партијата, идејата дека сака да биде претседателски кандидат меѓу мнозинството обични републиканци е незамислива“, вели Кондрак.

Но, не мислат сите така. Некои аналитичари дури имаат и сценарио за кампањата во 2012-та, во кое, Пејлин ќе биде републикански претседателски кандидат и ќе се соочи со демократскиот, актуелниот претседател Барак Обама, а можеби и со независен кандидат, како градоначалниот од Њујорк Мајкл Блумберг. На крајот од трката, според експертите, ќе победи Пејлин.

До следните претседателски избори се чини дека има уште многу време, но за оние кои планираат да учествуваат во нив, тие се мошне близу.

XS
SM
MD
LG