Линкови за пристапност

За годишнината од геноцидот во Руанда - декларации и предупредувања


За годишнината од геноцидот во Руанда - декларации и предупредувања
За годишнината од геноцидот во Руанда - декларации и предупредувања

Руанда се ближи кон годишнината на еден од најголемите геноциди во модерната историја при што беа убиени близу еден милион луѓе. Официјални лица нагласуваат дека тоа што се случило пред 17 години не смее никогаш да се повтори во Руанда, во останатиот дел на Африка и во светот

Седми април 1994-та беше првиот ден од иницијативата што траеше 100 дена предводена од една од трите етнички групи во Руанда за истребување на другите етнички групи. Речиси еден милион луѓе беа убиени од пријатели, соседи и странци под влијание на масивна пропагандна кампања.

Оттогаш, трубуналот на Обединетите нации ги изнесе одговорните пред суд и затвори 49 врвни политичари, биснисмени, личности од медиумите и други инволвирани во геноцидот.

Други 1,5 милион луѓе кои беа обвинети за убивање или гледање на друга страна кога се случувале убивањата се изведени пред локалните судови низ целата држава.

Амбасадорот на Руанда во Кенија, Џорџ Вилијам Кајонга, вели дека според негово мислење овие и други правосудни иницијативи донеле простување, помирување и заздравување во Руанда, но и испратиле силен сигнал.

Кајонга вели дека видел знаци дека кампања на истребување што се случила во Руанда исто така се готви на други места.

Забележителен пример за тоа се случил во блиската Кенија. За време на насилството по изборите, најмалку илјада луѓе биле убиени главно врз база на нивната етничка припадност.

Шестмина осомничени, вклучувајќи тројца кениски владини министри, кои наводно го организирале насилството, сега се во Хаг и чекаат на судење пред Меѓународниот кривичен суд.

Овај суд планира да ги ги заврши тие судски постапки до крајот на оваа година.

XS
SM
MD
LG