Линкови за пристапност

САД не се сигурни дали Русија ги почитува договорите за хемиско и биолошко оружје


Русија нема одговор по извештајот, што може да се одрази на одлуката на американскиот Сенат дали да го ратификува новиот договор за нуклеарно оружје потпишан меѓу Русија и САД порано годинава.

Во извештај на Стејт департментот се вели дека САД не се сигурни дали Русија целосно ги почитува меѓународните договори со кои се забранува употреба на хемиско и биолошко оружје.

Стејт департментот го објави Извештајот за почитување на договорите, јавна скратена верзија од многу подеталниот документ веќе испратен до Конгресот. Во него се наведува дека недостатокот на информации од Русија прави да биде нејасно дали Москва целосно ги исполнува обврските за елиминирање на сето биолошко оружје.

Американската влада вели и дека се` уште не е сигурна дали Русија ги пријавила своите залихи на хемиско оружје.

Русија нема одговор по извештајот, што може да се одрази на одлуката на американскиот Сенат дали да го ратификува новиот договор за нуклеарно оружје потпишан меѓу Русија и САД порано годинава.

XS
SM
MD
LG