Линкови за пристапност

САД и Русија пред нов пакт за намалување на нуклеарното оружје


По едногодишни тешки преговори, Обама и Медведев ќе потпишат договор за намалување на залихите на нуклеарни боеви глави за 25 до 30 проценти.

Обајцата лидери ќе се сретнат во чешкиот главен град, каде пред една година претседателот Обама ја претстави својата визија за свет без нуклеарно оружје.

„Денес, јасно и со верба ја изложувам американската определба за мир и безбедност во свет без нуклеарно оружје“, изјави тогаш американскиот претседател.

Договорот што ќе биде потпишан во четврток ќе го замени договорот СТАРТ-Еден, што поранешните претседатели на САД и тогашен Советски Сојуз, Џорџ Буш постариот и Михаел Горбачов, го потпишаа во 1991-ва година. Важењето на документот истече минатиот декември.

По едногодишни тешки преговори, Обама и Медведев ќе потпишат договор за намалување на залихите на нуклеарни боеви глави за 25 до 30 проценти.

Пактот е скромен, но важен чекор напред, вели Кингстон Риф од Центарот за контрола и непролиферација на нуклеарното оружје, со седиште во Вашинготн.

„Договорот проверливо ќе ги ограничи вишокот на нуклеарните залихи на САД и Русија, а ќе даде и нов пакет на провизии за верификација, мониторинг и транспарентност“, вели овој експерт.

Тој очекува договорот да помогне да се зајакнат честопати напнатите односи меѓу двете земји. Риф вели дека оваа подобрена соработка се очекува да помогне САД и Русија да се справат со нуклеарниот тероризам и да работат кон воведување на поостри санкции против Иран поради неговите нуклеарни активности.

По потпишувањето, договорот мора да биде ратификуван од руската Дума и американскиот Сенат, каде е потребно да го одобрат 67 од 100 сенатори. За време на кусиот престој во Прага, Обама ќе има и еден-на-еден средба со неговиот руски колега, а планирана е и вечера со шефовите на 11 држави од Централна и Источна Европа.

XS
SM
MD
LG