Линкови за пристапност

САД и Русија ќе потпишат нов договор за намалување на нуклеарното оружје во април


САД и Русија ќе потпишат нов договор за намалување на нуклеарното оружје во април
САД и Русија ќе потпишат нов договор за намалување на нуклеарното оружје во април

Американскиот претседател Барак Обама петокот по телефон разговарал со рускиот колега Дмитриј Медведев.

САД и Русија во април ќе потпишат нов договор за намалување на нуклеарното оружје, соопшти Белата куќа.

Американскиот претседател Барак Обама петокот по телефон разговарал со рускиот колега Дмитриј Медведев, при што се согласиле да се сретнат во чешкиот главен град Прага на 8-ми прил и да го потпишат новиот Договор за намалување на стратешкото оружје - СТАРТ.

Американскиот Сенат и рускиот парламент мора да го ратификуваат договорот за да стапи на сила.

Американските и руски преговарачи веќе една година ја подготвуваат спогодбата што треба да го замени СТАРТ од 1991-ва, чија важност истече во декември. Проблемите со верификација на спроведување на договорот и руското противење на американски систем за ракетна одбрана во Европа го блокираа напредокот во преговорите. Нивната зацртана цел беше обете земји да го намалат нуклеарниот арсенал на 1.500 до 1.675 „оперативно распоредени“ боеви глави во наредните седум години.

XS
SM
MD
LG