Белата куќа вели дека САД и Русија се мошне блиску до нов договот за намалување на нуклеарното оружје.
Русија, пак, соопшти дека преговарачите веќе го одобриле новиот договор.
Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс средата соопшти дека претседателот Барак Обама сака најпрвин по телефон да се консултира со рускиот колега Дмитриј Медведев, како и дека одредени детали допрва треба да се обработат. Обама на оваа тема веќе ги брифираше демократскиот сенатор Џон Кери и републиканскиот Ричард Лугар – највишите по ранг претставници на Комисијата за надворешни работи.
Договорот мора да биде ратификуван од страна на Сенатот.
Американските и руски преговарачи веќе една година ја подготвуваат спогодбата што треба да го замени Договорот за намалување на стратешко оружје од 1991-ва – СТАРТ, чија важност истече во декември.