Според Вашингтон пост, телефонски повик на рускиот шпион Ана Чапман до нејзиниот татко бил причина американски разузнавачки лица да го забрзаат процесот на апсење на 10-темината агенти кои работеле во САД.
Повикувајќи се на анонимни владини извори, весникот наведува дека САД на 26-ти јуни извршиле мониторинг на повикот на Чапман до татко и`, ветеран на КГБ кој живее во Москва. Во написот стои дека Чапман изразила сомнеж дека е откриена.
Американските власти наводно го планирале апсењето на Чапман и другите руски шпиони уште од средината на јуни, но по регистрираниот повик, почнале да стравуваат дека доколку не реагирааат брзо, еден од шпионите, Ричард Марфи, нема да се врати во САД од престојот во Москва.
Во неделата, американскиот главен правобранител Ерик Холдер изјави дека 10-темина руски тајни агенти добиле стотици илјади долари од Москва.