Линкови за пристапност

Рускиот претседател во посета на САД


Рускиот претседател во посета на САД
Рускиот претседател во посета на САД

Во четврток, рускиот лидер во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев е во посета на САД за да ги зацврсти билатералните односи преку јакнење на трговијата и деловната соработка.

На дневен ред на Медведев, кој пристигна во Калифорнија вторникот, се средби со деловни лица од Силиконската долина – седиштето на многу компании од областа на високата технологија. Во обидот да ја модернизира руската економија, Медведев активно ја промовира употребата на технологија во американски стил.

Во четврток, рускиот лидер во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама.

Белата куќа неодамна соопшти дека Обама и Медведев ќе ги разгледаат начините за јакнење на соработката преку трговска размена, инвестиции и иновации.

Обата претседатела по средбата во Вашингтон заминуваат за Канада, каде ќе учествуваат на средбата на Г-8 и Г-20.

XS
SM
MD
LG