Линкови за пристапност

Обама се враќа дома по потпишувањето на новиот договор за нуклеарно оружје


Обама се враќа дома по потпишувањето на новиот договор за нуклеарно оружје
Обама се враќа дома по потпишувањето на новиот договор за нуклеарно оружје

Обама документот го нарече „важен камен-темелник за нуклеарна безбедност и неширење на оружјето“.

Американскиот претседател Барак Обама ја заврши кусата посета на Чешката Република, каде со рускиот претседател Дмитри Медведев потпиша нов договор за намалување на нуклеарните залихи.

Пред заминување од Прага, Обама имаше и билатерална средба со неговиот чешки колега Вацлав Клаус.

Во четвртокот, Обама и Медведев потпишаа нуклеарен пакт со кој арсеналот на секоја земја одделно се намалува за околу 30 проценти. И САД и Русија потоа се очекува да располагаат со околу 1.500 парчиња стратешко нуклеарно оружје.

Обама документот го нарече „важен камен-темелник за нуклеарна безбедност и неширење на оружјето“.

Медведев подвлече дека обете страни го постигнале она што своевремено се чинело дека е невозможно. Рускиот лидер потпишувањето го нарече историски настан што ќе води кон ново поглавје во билатерланите односи.

Американскиот Сенат и рускиот парламент треба да го ратификуваат документот пред да стапи на сила.

XS
SM
MD
LG