Линкови за пристапност

Обама се подготвува да замине за Прага


Со новиот договор за нуклерно оружје, САД и Русија ќе ги намалат залихите за околу една третина.

Американскиот претседател Барак Обама во среда ќе замине за Чешката Република да потпише нов договор со Русија за намалување на нуклераните залихи на двете земји.

Со пактот што во четврток ќе биде потпишан во Прага од страна на претседателот Обама и неговиот руски колега Дмитри Медведев, секоја земја одделно ќе го намали ова оружје за околу една третина.

Сепак, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека Москва го задржува правото да се повлече од договорот доколку идниот американски систем за противракетна одбрана, би претставувал закана по нејзината безбедност.

Во вторникот Обама ја изложи новата нуклеарна стратегија на САД, нарекувајќи ја „значителен чекор напред“ во намалувањето на улогата на нуклеарно оружје во американската стратегија за национална безбедност. Претседателот истакна дека превенцијата од ширење на нуклеарно оружје и нуклеарниот тероризам за прв пат се на врвот на нуклеарната агенда на САД.

XS
SM
MD
LG