Линкови за пристапност

За што ќе разговараат Медведев и лидерите на НАТО?


За што ќе разговараат Медведев и лидерите на НАТО?
За што ќе разговараат Медведев и лидерите на НАТО?

НАТО се очекува да дискутира и за зголемената соработка со Русија околу Авганистан. Русија му дозволува на НАТО да транспортира различни неармиски материјали од Европа до Авганистан.

Рускиот претседател Дмитри Медведев ќе се сретне со лидерите на НАТО во рамки на Советот Русија – НАТО каде членуваат 28 земји од Западната алијанса плус Русија, при што ќе има можност за дискусија по прашања важни за обете страни.

За време на неодамнешната посета на Москва, Генералниот секретар на НАТО Андерс Фон Расмусен изјави дека средбата со претседателот Медведев во Лисабон ќе биде „можност да се сврти нова страница и да се закопаат духовите од минатото“.

Едно од клучните прашања по кои ќе се дискутира на самитот на НАТО што на 19-ти и 20-ти ноември ќе се одржи во Лисабон, Португалија, ќе биде противракетната одбрана. Администрацијата на Џорџ Буш предложи инсталирање на копнени пресретнувачи на балистички проектили во Полска и поставување радарска станица во Чешката Република. Русите остро се спротиставија на иницијативата, велејќи дека е замислена против Москва. Американските претставници ова го негираат.

Претседателот Барак Обама направи измени во плановите за противракетна одбрана за Европа. Реакцијата на Москва за најновиот план иако не е комплетно позитивна, не е толку остра како спрема планот на Буш. Тоа ги поттикна претставниците на НАТО да бараат соработка со Русија и по прашањето ќе се дискутира на претстојниот самит.

Поранешниот американски амбасадор во НАТО за време на претседателствувањето на Бил Клинтон, Роберт Хантер вака го објаснува омекнатиот став на Русија.

„Русите сфатија дека со однесувањето самите се изолираат. Тие може ова да го искористат во своја полза и да добијат безбедносни гаранции, но и да учествуваат на индустриски план. Гледаме и дека Медведев има различно мислење од премиерот и поранешен претседател Владимир Путин. Вели – за нас Русите е подобро да соработуваме со Запад и особено со Европејците, отколку да стоиме настрана“, истакна Хантер.

НАТО се очекува да дискутира и за зголемената соработка со Русија околу Авганистан. Русија му дозволува на НАТО да транспортира различни неармиски материјали од Европа до Авганистан.

„Можноста да се користи Русија како маршрута за снабдување, барем за одредени материјали, помага да се намали притисокот на силите на НАТО во Авганистан кои велат дека е попасно тоа да го прават преку Пакистан“, смета Роберт Хантер.

Претставници на НАТО додаваат дека се надеваат на проширување на договорот за дозвола на транспорт на други материјали, како тешка опрема. Како дополнение НАТО се залага Русија да обезбеди 20 хелихоптери и пилотска обука за авганистанската армија.

Шон Кеј од Универзитетот Охајо Веслејан вели дека односот меѓу Русија и НАТО е повеќе од соработка за ситуацијата во Авганистан.

„Поголемата поента е повеќе симболична и политичка – дека односот може да биде обновен и да се држат структурите меѓу Русија и Западот. Бидејќи, на крајот, на Запад му е потребна Русија за бројни прашања, како Северна Кореја, Иран, Авганистан, а на Русите им е потребна добра волја од Запад за различни прашања“, смета Кеј.

Аналитичарите велат дека едно од најиритирачките прашања во односите меѓу НАТО и Русија е надминато, а тоа е проширувањето на Алијансата кон исток, идеја на која Москва остро се противи. На самитот во Лисабон НАТО нема да добие нови членки, и како што велат експертите, се чини дека за сега проширувањето на НАТО не е актуелно.

XS
SM
MD
LG