Линкови за пристапност

Самит во Русија на кој е осуден тероризмот и трговијата со дрога


На Самитот било разговарано и за економска соработка во секторите како енергетија и транспорт со акцент на проекти во Авганистан.

Претседателите на Русија, Пакистан, Авганистан и Таџикистан усвоија заедничка декларација во која го осудија тероризмот и регионалната трговија на дрогата како закани за мирот и безбедноста.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев е домаќин на четиридневен самит во Москва. Претставници на руската влада велат дека претседателите разговарале и за економска соработка во секторите како енергетија и транспорт со акцент на проекти во Авганистан.

Претходно, Медведев имаше одвоена средба со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Тој истакна дека Москва е подготвена да обезбеди поддршка за авганистанската борба против тероризмот и повика на координирана меѓународна акција против проблемот со дрога во земјата.

XS
SM
MD
LG